ТРАЈКОВ, Трајко Павлов (Дебар, 11. Ⅷ 1931) – фармаколог, редовен проф. на Мед. ф. Од 1958 до 1996 г. работи на Институтот за фармакологија и токсикологија на Мед. ф. во Скопје. Заслужен е за втемелувањето на базичната и клиничката фармакологија на факултетот. Бил директор на Институтот, шеф на Катедрата, продекан, автор на учебник за Средномедицинското училиште и учесник во проекти. Д. С.-Б. Борис Трајковски, претседател на РМ