ТРАЈАНОВСКИ, Александар (с. Долни Липовик, Радовишко, 7. Ⅲ 1945) – историчар, научен советник во ИНИ во Скопје и унив. професор. Завршил Учителска школа во Битола, а потоа дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје (Група за национална историја), каде што и магистрирал (1975) и докторирал (1985). Извесно време бил наставник во с. Конче, Радовишко и професор во Економското училиште „Моша Пијаде“ во Скопје, а потоа преминал во Институтот за национална историја (септември 1971), од асистент до научен советник (1992) и редовен професор (1998). Бил раководител на Одделението за преродбенско-националноослободително движење во ИНИ, главен и одговорен уредник на сп. „Гласник“ и „Историја“, претседател на СДИРМ, хонорарен професор на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“, на Факултетот за учители и воспитачи при Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Битола, на Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации на Универзитетот на Нова Сорбона (Париз) и на Педагошкиот факултет во Скопје. БИБ.: Бугарската егзархија и македонското националноослободително движење (1893–1908), Скопје, 1982; Црковноучилишните општини во Македонија. Прилог кон историјата на македонските црковно-училишни општини од нивното основање до 70-тите години на ⅩⅠⅩ век, Скопје, 1988; Димитар Поп Георгиев-Беровски (1840–1907), Штип, 1990; Словата на Кузман шапкарев (1830–1884), Охрид, 1993; Андартскиот колеж во Загоричани – 1905, Битола–Скопје, 1995; Прилепските слова на Кузман шапкарев (1862–1865), Битола, 1996; Непознатиот Рацин. Новопронајдените Рацинови картички, Скопје, 2000; Црковната организација во Македонија и движењето за возобновување на Охридската архиепископија од крајот на ⅩⅤⅠⅠⅠ и во текот на ⅩⅠⅩ век – до основањето на ВМРО, Скопје, 2001; Руски документи за Македонија и македонското прашање, Скопје, 2004; Историја на Македонија (Тхе Хисторѕ оф Мацедониа), Скопје, 2005. ЛИТ.: 50 години Институт за национална историја 1948-1998, Скопје, 1998, 101-114. С. Мл.