ТОМАЛЕВСКИ, Георги

ТОМАЛЕВСКИ, Георги (Крушево, 16. Ⅸ 1897 – Софија, Бугарија, 1988) – раскажувач, романсиер, публицист, есеист. УШТЕ како млад (со семејството) се преселува во Софија, каде што завршува гимназија и физика на Софискиот универзитет. Работел долго како просветен работник. Во литературата влегува мошне млад и остава богат прозен опус. • се посветил на македонската тема системно и континуирано. Мошне поволно прифатен од критиката, се стекнал со престижен статус во бугарската литература на ХХ век. Се одликува со хуманистички патос и со наклонетост кон теми што ја преферираат моралната и естетската природа на човекот. Го сметаат за еден од најистакнатите бугарски мајстори на есејот во периодот меѓу двете светски војни во ХХ в. БИБ.: Душата на Македонија, есеј, 1927; Огнена земја, раскази за Македонија, 1928; Самуиловото наследство, историска повест, 1929; Крушовската република, херојски уметнички летопис, 1954; Мајсторот Стојан Везенков, повест, 1964; Воденските мајстори, новели, 1965. Г. Т.