ТОДОРОВ, Асен

ТОДОРОВ, Асен (Скопје, 17. Ⅱ 1913 – Скопје, 11. Ⅱ 1990) – новинар, општественик, редактор на печатни гласила и раководител на новински агенции. Во Скопје завршува средно образование. Апсолвент на Математичкиот факултет на Белградскиот универзитет. Активист на младинска организација на Белградскиот универзитет, потпретседател на Студентското друштво „Вардар“ и член на МАНАПО (1936). Член на КПЈ (1937). Во скопското списание „Луч“ ја објавува песната „Афион“ (1937). По Војната работел во Поверенството за просвета во Владата на Македонија, а од 1945 г. е помошник-директор на новинската агенција ТАНЈУГ за Македонија. Бил уредник во Радио-Скопје, секретар во Секретаријатот за информации на Собранието на СРМ а од 1964, па до своето пензионирање (1975) е помошник на главниот и одговорен уредник на весникот „Нова Македонија“. ЛИТ.: Д-р Блаже Ристовски, Прилози кон проучувањето на Кочо Рацин, „Современост“, ЏЏВИ, 4&5, 1976, 86&90. Г. Т. Зорка Тодорова-Младеновиќ