ТОДОРОВСКИ, Зоран

ТОДОРОВСКИ, Зоран (Скопје, 3. Ⅲ 1950) – историчар. На Филозофскиот факултет во Скопје дипломирал на Групата за историја со историја на уметноста (1972), магистрирал на Групата за историја на македонскиот народ во ⅩⅠⅩ и ⅩⅩ век на тема „Дејствувањето на Автономистичката ВМРО 1918–1924“ (1989) и докторирал на тема „Внатрешната македонска револуционерна организација 1924– 1934“ (1995). Бил советник за заштита на спомениците на културата и музејска дејност во Републичкиот комитет за култура (1975–1989) и советник на министерот за култура (1989–1990), а потоа асистент (1990 –1996), научен соработник (1996 –2000), виш научен соработник (2000–2003) и научен советник (2003–) во Одделението за историја на македонскиот народ (1913 –1941) во ИНИ, професор по предметот „Историја на Македонија (1913–1941)“ и директор на Државниот архив на Република Македонија (1999 –2002 и 2006–). Претседател на Научно-културните средби „Десет дена Крушевска република“(2000–2002). Автор е на неколку монографии, а подготвил и избори од Владимир Ковачев, Владислав (Славчо) Ковачев, Петар шанданов, Тодор Поп Антов и др. БИБ.: Музејската дејност во СР Македонија – досегашни постигања и натамошен развој, Отешево, 1979 (коавтор); Музејската дејност во СР Македонија, Скопје, 1980 (коавтор); Деј-УЛОГ: Цанде („Солунски патрдии“), Димо Тодоровски: „Пиета“, мермер (1972) ствувањето на автономистичката ВМРО 1919–1924, Скопје, 1989; Внатрешната македонска револуционерна организација 1924–1934, Скопје, 1997; Тодор Александров, С¢ за Македонија. Документи 1919–1924. Избор, предговор и редакција &, Скопје, 2005; Ид его сум (Македонски историски рефлексии), Скопје, 2008: Македонското прашање во бугарскиот парламент (1918–1941), Скопје, 2008 (со коавтор); К. П. Мисирков, Дневник 5. Ⅶ до 30. Ⅷ 1913, Скопје – Софија, 2008 (коредактор со Цочо Билјарски). Лит.: „Билтен“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, бр. 843, Скопје, 15. И 2004, 104-109. С. Мл. Јордан Тодоровски