ТЕСАЛОНИКА

ТЕСАЛОНИКА (Ⅳ–Ⅲ в. ст. е.) – ќерка на Филип Ⅱ, полусестра на Александар Ⅲ Македонски, сопруга на кралот на Македонија Касандар (316). Во нејзина чест Касандар новооснованиот град на Термајскиот Залив го нарекол Тесалоника. ЛИТ.: Ф. Папазоглу, Историја на хеленистичкиот период, Скопје, 1995; Историја на македонскиот народ,1, Скопје, 2005. А. шук.