ТЕРЦИЕРЕН ПЕРИОД

ТЕРЦИЕРЕН ПЕРИОД – траел околу 63 млн. години (65 & 2±0,2 млн.г.). Во Македонија е претставен со палеогенски и неогенски седиментни и вулкански карпи. Палеогенот е широко развиен со еоценско-олигоценски седиментни маси со дебелина до 3.500 м во Тиквешката и Овчеполската Котлина, а со помали маси во Делчевската Котлина и во Валандовско и Гевгелиско. Во сите области палеонтолошки е документиран со фосилни полжави, школки, нумулити и друго. Еоценот е развиен со базални конгломерати и флишни седименти, а олигоценот главно е карбонатен. За време на горен олигоцен се одвивала силна вулканска активност (ЗлетовоКочани, Бучим–Боров Дол, Делчевско). Неогенот е претставен со средно и горно миоценски и претставени главно со глиновитолапоровити и алеврит-песокливи седименти со јагленови слоеви во горен миоцен, а во плиоценот претежно со чакали и песоци. Истите се развиени во сите македонски котлини, при што најголема дебелина достигнуваат во Скопската (2.200 м), Тиквешката, Струмичката и Пелагониската Котлина (до околу 1.000 м). Вулканизмот бил активен главно во миоценот во Кумановско, ПробиШтипско–Кочанско, а во Мариовско и на почетокот од плиоценот. ЛИТ.: Т. Ракиќевиќ, Н. Думурџанов, П. Петковски, Толкувач за ОГК на СФРЈ, лист Штип, 1973, 1:100.000; Н. Думурдзанов, Т. Серафимовски, Ц. Б. Бурцхфиел, Еволутион оф тхе Неогене-Плеистоцене Басинс оф Мацедониа. Геологицал Соц. оф Америца, ДМЦ 001, 2004, п. И-ⅩⅩ; Н. Думурдзанов, Т. Серафимовски, Ц. Б. Бурцхфиел, Ценозоиц тецтоницс оф Мацедониа анд итс релатион то тхе Соутх Балкан еџтенсионал региме, „Геоспхере“, в. 1, Аугуст 2005, п. 1-22. Н. Дум.