ТЕАРЦЕ

ТЕАРЦЕ – село во Тетовско. Се наоѓа во Долни Полог на преодот помеѓу подножјето на шар Пла-Новата црква „Св. Димитриј“ во Теарце нина и Полошката Рамнина, од двете страни на р. Теаречка Бистрица, на надморска височина од околу 540 м. Преку регионален пат е поврзано со Тетово на запад и граничниот премин Јажинце на североисток. Има 3.974 ж., од кои 1.085 се Македонци, 2.310 се Албанци, 512 се Турци и 54 се Роми. Населението се занимава со одгледување житни и градинарски култури и овоштарство. Тоа е седиште на општина, која зафаќа површина од 13.654 ха, со 13 населени места во кои живеат 22.454 ж. Има осумгодишно училиште и здравствена станица. Ал. Ст. Зградата на Народниот театар „Антон Панов“ во Струмица