ТВРДОКРИЛЦИ

ТВРДОКРИЛЦИ (Цолеоптера)– инсекти со два пара крилја. Предниот пар крилја е хитинизиран и претворен во тврди покрилја (елѕтрае), по што и го добиле името. Редот е претставен со најголем број видови меѓу инсектите, опфаќа преку 300.000 видови со различна големина од 0,4 до 160 мм. Тврдокрилец тркач Повеќето од нив се штетници во стопанството, но има и корисни видови (бумбари). Во Македонија тврдокрилците се претставени со 1.527 таксони, од кои, 132 се ендемични. Редот опфаќа поголем број фамилии: песочници (Цицинделидае), тркачи (Царабидае), веслари (Дѕтисцидае), халиплиди (Халиплидае), водољупци (Хѕдропхилидае), гробари (Силпхидае), кусокрилци (Стапхѕлинидае), пселафиди (Пселапхидае), светулки (Цантхаридае), шаренци (Цлеридае), скочибуби (Елатеридае), красници (Бупрестидае), бубалки (Цоццинеллидае), брашнари (Тенебрионидае), мајци (Мелоидае), тркалачи (Сцарабаеидае), еленаци (Луцанидае), стрижибубачки (Церамбѕцидае), златици (Цхрѕсомелидае), поткорници (Сцолѕтидае), чурулкари (Цурцулионидае) и лепешкари (Геотропинае). ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991; Владимир Крпац, Бранислава Михајлова, Биодиверситѕ оф Мацедониа фром а виењ поинт оф хитхерто фаунистиц инвестигатионс. Партиципатион њитх Ундерпројецт: Класс Инсецта, Финал Репорт, Скопје, 1999, 23–30; Група автори, Цоунтрѕ Стадѕ фор биодиверситѕ оф тхе Републиц оф Мацедониа (фирст натионал репорт), Скопје, 2003. В. Т. К.– М. Кр. ТГС „Технички гасови“ АД – Скопје – претпријатие за производство, транспорт, дистрибуција и продажба на технички и медицински гасови, како и за проектирање и монтажа на гасни инсталации; производство, испитување и трговија со опрема и уреди за гасови. „ТГС“ е формирано во 1939 г. под името „Агаруша“, како фабрика за компримирани гасови. Од 1996 г. друштвото е во сопственост на „СОЛ спа“ Италија. Располага со: постројки за производство на кислород, азот, аргон, јаглероден двооксид и ацетилен; полнилници на гасови во челични шишиња; станица за тестирање на челични шишиња; оддел за производство на Ал атмосферски испарувачи; палети за транспорт на шишиња и батерии; оддел за монтажа на инсталации и станица за полнење на пропан-бутан во возилата итн. Во 2005 г. е добиен сертификатот за управување со квалитетот во согласност со стандардот ИСО 9001:2000. Сл. А.