ТАЈВАНСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ

ТАЈВАНСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ. Се воспоставуваат по потпишувањето на документот за воспоставување дипломатски односи во Тајпеј од страна на министерот за надворешни работи на Република МакедонијаАлександар Димитров (27. И 1999) и Одлуката на Владата на Република Македонија(8. Ⅱ 1999) за воспоставување дипломатски односи со Р Кина–Тајван. На 29. И 1999 г., претседателот на Република МакедонијаКиро Глигоров има обраќање кон јавноста, а на 23. Ⅱ 1999 г. и пред Собранието на РМ, во кое изразува несогласување со воспоставувањето дипломатски односи со Тајван и укажува Тајванскиот премиер на оро по свеченото почнување на градбата во Слободната економска зона „Бунарџик“ во Скопје на преземената обврска за непризнавање на Тајван со Договорот за воспоставување дипломатски односи со НРК (12. Ⅹ 1993). Воспоставувањето на тајванско-македонските односи предизвикува суспензија на односите Пекинг – Скопје. Претседателот Борис Трајковски не ги прима акредитивните писма на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Кина–Тајван Питер Ченг, с“ до прекинот на дипломатските односи помеѓу Република Македонијаи РК (18. Ⅵ 2001). До тој датум Вера Модану е вршител на работите во Амбасадата на Република Македонијаво Тајпеј. ИЗВ.: Одлука на Владата бр. 23-559/1, „Службен весник на РМ“, 7/99. ЛИТ.: Ахил Тунте, Република Македонијапрва декада (1990-1999), Скопје, 2005. Т. Петр.