ТАРАПУЗА, Стојан

ТАРАПУЗА, Стојан (Злетово, 29. ⅩⅠⅠ 1933) – поет, писател за деца. Завршил Виша педагошка академија во Скопје. Бил новинар и уредник во „Детска радост“, во Книгоиздателството „Наша книга“ и во Радио Скопје. Дебитирал со поезија за возрасни, а потоа целосно $ се посветил на литературата за млади. ДЕЛ: стихозбирки: Црвено растење, Ск., 1961; Во каменот ден, Ск., 1965; за деца: Грејни сонце, Ск., 1966; Полно кајче желби, Ск., 1967; Дамбара, думбара, Ск., 1969; Со два ата по два пата, Ск., 1987; Училиште за кловнови, Ск., 1989; Поглед низ двоглед, Ск., 1990; Златици крилатици, Ск., 1993; Зборови по дворови, Ск., 1993; Ѕуница пауница, Ск., 1993; шарки-жарки, Ск., 1995; Цветулки со светулки, Ск., 2000. В. Тоц.