ТАПИСЕРИЈА

ТАПИСЕРИЈА (фр. таписсерие – ткаеница) – текстилна уметност за создавање декоративни покривки за ѕидови и подови, за делови на мебел или како независно уметничко дело. Таписеријата се ткае рачно, на разбој, најчесто со природни предива, волна, лен, памук, свила. Најпознат центар за таписерии бил градот Арас во Франција. Во Република Македонијапрвите таписерии ги создаваат Л. Личеноски и Д. Протуѓер. Подоцна се вклучуваат Д. Коцо, Д. Милјановски, Д. Томиќ-Радевска и Ѓ. Здравев. Ал. Цв.