ТАЖАЧКИ ПЕСНИ

ТАЖАЧКИ ПЕСНИ – лирски обредни песни со епски елементи, составен дел на култот кон покојниците. Создавани се главно од жени, како неразделен дел од погребниот ритуал. Некогаш ги исполнуваат интерпретаторки што не се во роднински врски со покојниот, а има случаи и на професионални тажачки. Во нив се регистрирани многу настани од минатото, од насилства и војни до болести, епидемии и несреќи. Посебно интересни се записите на Марко Цепенков, кои по многу нешто имаат печат на неговата лична творечка итервенција. ЛИТ.: Марко К. Цепенков, Македонски народни умотворби, книга прва, Народни песни. Редактирал д-р Кирил Пенушлиски, соработник Блаже Петровски, Скопје, 1972; Кирил Пенушлиски, Одбрани фолклористички трудови, 2, Скопје, 1988; Марко Китевски, Македонска народна лирика,(Обредни песни), Скопје, 1997. М. Кит.