СУБАЛПСКА ВЕГЕТАЦИЈА НА РМ

СУБАЛПСКА ВЕГЕТАЦИЈА НА Република Македонија– вегетациски тип што се развива над горната шумска граница, а под појасот на алпската вегетација, по високите планини од умерениот климатски појас (од 1600–2200 м надморска височина). Опфаќа разновидни растителни заедници на кисели почви, карбонати, планински тресетишта, сипари, точила, камењари, Субалпска вегетација, пасиштата на Бистра карпи и др., кои припаѓаат кон различни вегетациски класи –Елѕно-Сеслериетеа, Царицетеа цурвулае, Сцхеуцхзерио-Царицетеа фусцае, Дрѕпетеа спиносае, Асплениетеа трицхоманис, Ваццинио-Пицетеа и др. Во нивниот состав влегуваат главно високопланинински тревести растенија, грмушки, а поретко и состави од некои иглолисни растенија (молика, планински бор, смрча и други). Најголеми површини во овој вегетациски појас заземаат планинските пасишта што се развиваат на разновидна геолошка подлога. Климатските услови придонесуваат развиток на бујни субалпски пасишта, кои се основа за развој на интензивно сточарство. Во Република Македонијасубалпски заедници се присутни на голем број планини: шар Планина, Јакупица, Караџица, Даутица, Кораб, Дешат, Бистра, Стогово, Јабланица, Га-личица, Пелистер, Козјак, Ниџе, Кожуф, Осоговски Планини, Беласица, Илинска Планина, Лубен, Баба Сач и др. Вл. М.