„СТУДЕНЧИЦА“ – регионален систем за водоснабдување на 140.000 жители од општините: Кичево, Крушево, Прилеп, Македонски Брод, Осломеј, Другово, Вранештица, Пласница, Долнени, како и ТЕЦ „Осломеј“. Главен ресурс се изворите на реката Студенчица со просечна штедрост 1.500 л/сек. Изградбата на системот се одвивала во три фази, во кои системот постојано се надоградувал и се ширел, така што вкупната должина на главниот цевковод и придружните објекти изнесува 110 км. Од 1997 г. во системот се вградува и модерна компјутерска опрема за автоматско и далечинско управување со распределбата на зафатеното количество вода. Со системот управува ЈП „Студенчица“, лоцирано во Скопје. Ст. Дод.