СТОЈКОВСКИ, Глигор

СТОЈКОВСКИ, Глигор (Волковија, Гостиварско, 7. Ⅷ 1952) – новинар, уредник, поет, публицист. Филозофскиот факултет (Југословенски книжевности) го завршил во Скопје. Работел во „Нова Македонија“ (1976&1999) како новинар, уредник на Културната рубрика и уредник на додатокот „Лик“ (1985&1998), новинар во „Утрински весник“ (1999&2001), главен уредник (2001&2007) и сегашен извршен директор на „Култура“. Автор е на повеќе книги поезија и публицистика. Преведуван на англиски, италијански, романски, бугарски, српски и хрватски јазик. БИБ.: „Починка во чисти честички“ (1979), „Пајак“ (1984), „Очно дно“ (1990), „Искрвавени мугри – како загина Кочо Рацин“ (1992), „Студена минута“ (1993), „Зад билката, молк“ (1995), „Земјата сама ќе се отвори“ (избор) (1996), „Заборавено око на небото“ (1997), „Капката оловна вода“ (избор) (2008). Р. Драги Стојковски СТОЈКОВСКИ, Драги Василев