СТОЈКОВСКИ-БУЗО, Трајко Донев (Куманово, 10. И 1923 – Скопје, 14. Ⅹ 2005) – комунистички деец, воен командант, народен херој и општественик. Како член на СКОЈ (од 1941), активно учествувал во подготовките на НОБ во Куманово, а потоа станал борец на Кумановскиот НОПО (јуни 1943). Посебно се истакнал како пушкомитралезец во борбата на Дренак против четничките сили. При формирањето на Третата македонска НОУБ бил назначен за командант на баталјон, а подоцна за командант на Дванаесеттата македонска (скопска) НО бригада. Има значаен придонес во Ослободувањето на Скопје. Прогласен е за народен херој на Југославија (20. Ⅺ 1951). БИБ.: Напад на рудник Лојане, Виорни дни, Скопје, 1957, 219-221; Како течеше борбата за ослободувањето на Скопје, Документи и материјали за ослободувањето на Скопје, Скопје, 1968, 175-179. ЛИТ.: Стојковски Трајко „Бузо“, „Виорни дни“, Скопје, 1957, 316; Видое Подгорец, Стојковски Доне Трајко-Бузо (1923), Народни херои од Македонија, Скопје 1973, 336-341; Јордан Цеков-Дане, Трајко Стојковски-Бузо – херојство и примитивизам, Скопје, 2005. С. Мл.