СТОЈАНОВ-ШТИПЈАНЧЕТО, Доне Тошев

СТОЈАНОВ-ШТИПЈАНЧЕТО, Доне Тошев (с. Ерџелија, Штипско, 1867 – ќустендил, 15. Ⅳ 1931) – припадник на МРО, актер на Доневата афера (1896). Бил курир на Организацијата. На 19. Ⅳ 1896 г., на излезот од Битола кај црквата „Св. Недела“, во неговите вреќи со ориз властите пронашле бомби, набои за револвери и барут. Во затворот во Битола пројавил гранитна цврстина, не го издал светото дело. Опеан во народните песни. ЛИТ.: Д. Димески, Аферата на Дончо Штипјанчето, 1896 година, „Дело 74“, ⅩⅤⅠⅠⅠ/5, Штип, 1986. Ал. Тр. Корнелија Стојанова