СТОЈАНОВ, Крсте

СТОЈАНОВ, Крсте (с. Дрмени, Ресенско, 1880 – с. Кривени, Ресенско, 3. Ⅱ 1905) – печатар, револуционер, припадник на ТМОРО. Бил печатар во Цариград и член на Цариградскиот РК (1900–1903). Од 1904 г. влегол во четата на војводата С. Олчев, која дејствувала во Преспанско. Загинал во борба со османлиска војска во Ресенско. ИЗВ. и ЛИТ.: ЦДА, ф. 892, оп. 1, а.е., 16, л. 60; в. „Реформи“, бр. 11, Софи®, 1899–1905. Ал. Тр. Крум Стојанов