СТОЈАНОВСКИ, Александар

СТОЈАНОВСКИ, Александар (Куманово, 11. Ⅷ 1929 – Скопје, 19. Ⅴ 2009) – историчар – турколог. Дипломирал на катедрата по историја на Филизофскиот факултет во Скопје и се вработил во Институтот за национална историја, во Одделението за османлиско-турскиот период (1955). Доктрорирал на темата „Дервенџиството во Македонија“ (1963). Се усовршувал и вршел архивски истражувања во Истанбул, Анкара, Париз, Софија и Сараево, учествувал на повеќе конгреси и симпозиуми во земјата и во странство и бил член на редакции на повеќе научни списанија и зборници. Преведувач е на повеќе томови турски документи за историјата на македонскиот народ од ⅩⅤ и ⅩⅤⅠ в., автор е на повеќе монографии и статии од историјата на Македонија во османлискиот период и главен редактор и автор на вториот том од Историјата на македонскиот народ. Др. Ѓ.