СТЕФАН Урош И

СТЕФАН Урош И (1220–1277) – српски крал (1246–1276), најмал син на кралот Стефан Првовенчани. Се замешал во никејскоепирскиот судир, испратил војска во Македонија (1257), како сојузник на Епирците, но во Пелагониската битка (1259) застанал на страната на Никеја. Во негово време, дошле рударите Саси и започнал економски подем. Починал во манастирот „Сопоќани“. ЛИТ.: С. Станојевиђ, Краљ Урош, Годишњица Николе Чупиђа, ЏЛИВ, 1935. К. Аџ. СТЕФАН Урош Ⅲ Дечански (ок. 1285–?) – српски крал (1321–1331), син на кралот Милутин. Во Граѓанската војна во Византија (1321–1328) го поддржувал Андроник Ⅱ, кој ја загубил војната. Византија и Бугарија склучиле сојуз против него. Во битка кај Велбужд (1330) ги поразил Бугарите, а Византијците се откажале од нападот. Го изградил манастирот Дечани, од престолот го симнал синот Душан. ЛИТ.: М. Зечевиђ, Живот и владавина Стевана Дечанског, Београд, 1903. К. Аџ. Драги Стефанија