СТАНИМИРОВИЌ, Душан

СТАНИМИРОВИЌ, Душан (Куманово, 27. Ⅷ 1934) – историчар на физичката култура, унив. професор. Завршил ВПШ (Група историја и географија) во Ниш (1955) и Филозофски факултет (Група историја) во Скопје (1962). Магистрирал на Медицинскиот факултет во Скопје (1978), на тема „Соколството во Вардарска Македонија од 1919 до 1929 г.“. Докторирал на Факултетот за физичка култура во Загреб (1986), на 93; в. „Македони®“, бр. 1130-1131, Софи®, Куќата на Бектешовци во Прилеп (1912) 1930. Ал. Тр. тема: „Соколство у Вардарској Душан Станимировиќ Македонији – настанак и развој“. Бил наставник во Куманово (1955 –1960) и во Скопје, директор во основните училишта и началник во општина (1960–1969), самостоен советник во Републичкиот завод, во Републичкиот комитет за физичка култура и во Министерството за образование и физичка култура (1969–1984). На Факултетот за физичка култура во Скопје бил избран за предавач, а потоа и за редовен професор по предметот историја на физичката култура (1984–1997). Бил в.д. декан на Факултетот (1989) и е основоположник на предметот историја на физичката култура во Македонија. Бил претседател на Републичката комисија за историја на физичкото воспитание и спортот на Македонија (1992–2002), член на Балканското (БАХПЕС) и на Светското здружение на историчарите на спортот (ИСХПЕС). Објавил голем број стручни и научни трудови. Д. П. Страница од Станиславовиот (Лесновски) пролог (ⅩⅣ в.)