СПОРТСКИ ЈАВНИ ГЛАСИЛА

СПОРТСКИ ЈАВНИ ГЛАСИЛА. УШТЕ во османлискиот период весниците објавувале информации за спортски настани во Македонија, како „Цариградски вестник“ и „Цариградски гласник“ во Цариград, „Вардар“ и „Законитост“ во Скопје, „Работническа искра“ во Битола, „Отечество“ во Солун и други. Со „Фискултурен гласник“ во Скопје (од 1946) започнало излегувањето и на специјализирани спортски весници, подоцна под разни имиња. Спортот наоѓа свое место и во електронските медиуми, веднаш по нивната појава. Преку дописништва, спортските настани од овие простори биле објавувани во јавните гласила и во другите југословенски центри. Во некои од многубројните дневни весници и во електронските медиуми постојат и посебни спортски редакции. Во минатото се афирмирале голем број спортски новинари, репортери и дописници: Стојан Трајковски, Никола Солдатов, Бранко Давидовски, Ивко Панговски, Гоце Сипковски, Антун Серечи, Александар Стиков, Никола Ковачевски, Миодраг Мицковиќ, Воин Трајковски, Зоран Михајлов, Мирослав Наумовски, Борис Поп-Ѓорчев, Ѓорѓи Стојменски, Славчо Трошановски, Павле Дамјанов, Слободан Си-миќ, Атанас Костовски, Бошко Трпевски, Иван Мировски, Златко Калински и други. Д. С.