СПОМЕН-КОСТУРНИЦИ

СПОМЕН-КОСТУРНИЦИ – специфичен вид објекти, кои во својата структура обединуваат формално-обликовни искуства од црковното градителство, но П. Мазев: детаљ од Монументалниот мозаик во Спомен-костурницата во Велес (1980) надградено во естетска смисла со слободно интерпретирани елементи што придонесуваат за нивната симболична содржина. Тие претставуваат посебен вид капели-цркви-гробници, во кои се положени коски на паднати војници или на цивили што биле жртви на одредени воени дејства. Во Македонија почнуваат да се градат во периодот меѓу двете светски војни (1919–1940), кога имале функција на максимална афирмација на големосрпската национална компонента на новосоздадената држава, преку која се искажувале отворените аспирации за целосно владеење со македонскиот духовен простор. Како тип објекти, својата афирмација ја доживуваат посебно по завршувањето на Втората светска војна (1945), кога се применувани во подолг временски период како омилено средство за глорификација на одредени историски настани сврзани за НОБ. Како дела на новите времиња, најчесто се во корелација со современите текови на ликовната монументална уметност. К. Гр.