СПОГОДБА ЗА СТАБИЛИЗАЦИЈА И АСОЦИЈАЦИЈА

СПОГОДБА ЗА СТАБИЛИЗАЦИЈА И АСОЦИЈАЦИЈА – нов тип договор, различен од спогодбата за асоцијација, со кој правно се вообличува односот на стабилизација и асоцијација на државите од Западниот Балкан со ЕЗ и државите-членки на ЕУ. Првата ваква спогодба ја склучува РМ. Во светлината на улогата што Република Македонијаја има во текот на нападите на НАТО врз СРЈ, на 8. Ⅳ 1999 г. Министерскиот совет ја поканува Европската комисија да подготви извештај за подигнување на договорните односи помеѓу Република Македонијаи ЕУ. Следуваат заклучоците на Министерскиот совет од 31. Ⅴ 1999 г. во кои е констатирана „намерата на Комисијата на претстојната седница на Советот на 21. Ⅵ 1999 г. да поднесе студија-извештај за подобноста на Република Македонијаза започнување преговори за нов вид договор – спогодба за стабилизација и асоцијација“. На 24. И 2000 г. Министерскиот совет ги одобрува предлог-упатствата на Комисијата за добивање мандат за почеток на преговори со РМ. Преговорите се отвораат на 8. Ⅲ 2000 г., во времето на престојот на Комесарот за надворешни односи на ЕУ Крис Патен во Скопје. Спогодбата се парафира на маргините на Загрепскиот самит (24. Ⅺ 2000), се потпишува на маргините на Министерскиот совет во Луксембург (10. Ⅳ 2001) и по заокружувањето на неопходните ратификациони процедури стапува во сила на 1. Ⅳ 2004 г. ЛИТ.: Татјана Петрушевска, Меѓународно-правни аспекти на Спогодбата за стабилизирање и придружување на Република Македонијасо ЕЗ и со државите-членки на ЕУ, „Деловно право“, бр.3-4, Скопје, 2001. Т. Петр.