СПИРОВ, Борис

СПИРОВ, Борис (с. Брждани, Кичевско, 22. Ⅸ 1897 – Софија, Бугарија 19. Ⅹ 1974) – лекар, револуционер, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Мед. ф. завршил во Лајпциг (Германија) во 1928 г. Еден од првите 19 наставници на новоформираниот Мед. ф. во Скопје, каде што предавал историја на медицината. Патриот и револуционер, кој бугарските власти го осудиле на смрт (1943), но смртната казна му била заменета со доживотна робија. Член на АСНОМ (1944), секретар на Претседателството на Президиумот на АСНОМ, Министер за социјални грижи, претседател на МЛД (1945–1948), а во 1946 г. бил избран за претседател на Уставотворното собрание на РМ. Бр. Н.