СПАСОВСКИ, Мијалчо

СПАСОВСКИ, Мијалчо (с. Одрено, Крива Паланка, 1. Ⅹ 1935) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1990 до пензионирањето во 2001 г.) по предметите од областа на железниците. На Факултетот дошол во 1975 г. од Македонските железници, во чии проекти учествувал и понатаму, како консултант. Усовршил метод за санација на дрвени прагови, а патентирал и нов вид праг (1994), успешно применуван од МЖ. Љ. Т.