СПАНЧЕВО

СПАНЧЕВО – рудник на опал-ски бречи, кој се наоѓа северозападно од с. Спанчево, Кочанско. Лоциран е во андезитски туфови и бречи дополнително зафатени со хидротермални раствори и опализирани. Опалските маси имаат неправилно издолжена форма со протегање ссз–јји во должина на околу 2 км, ширина од 400 м, и дебелина помеѓу 25–50 м. Поинтензивна опализација се забележува во источниот дел на зоната. Опалитите имаат црвена боја – опал-ска бреча, а опалитизираните туфови жолтеникава боја. Содржината на СиО е од 42 до 85%. Екс2 плоатираниот опал се користи главно како додаток во цементната индустрија. ЛИТ.: Милорад Стојановиќ, Наоѓалишта на неметални минерални суровини во Македонија, Скопје, 2005. Т. Сер. Илинден Спасе