СМРДЕШ

СМРДЕШ – ниска но доста пространа планина што се наоѓа во источниот дел на РМ. Се протега помеѓу Радовишката Котлина од источната страна и Лакавичката од западната. На северозапад започнува јужно од Штип, а завршува близу до Струмица кај долината на река Водочница. Највисок врв е Елешница (971 м). Таа е разбиена маса без истакнати врвови, а дисецирана со повеќе суводолици и кратки речни текови што преку летото пресушуваат. Геолошкиот состав е претставен со кристалести шкрилци, андезити, флишни и езерски седименти. Делумно е покриена со дабова шума. Т. Анд.