СМОЛЈАНИ

СМОЛЈАНИ – словенско племе населено (Ⅵ–Ⅶ в.) во долниот тек на р. Струма, во долината на р. Места и во Западните Родопи. Кон средината на Ⅸ в. еден дел од териториите на Смолјаните бил освоен од Бугарите, а другите биле под византиската власт. Епископијата на Смолјаните потпаѓала под јурисдикција на митрополијата во Пловдив (Ⅹ в.). ЛИТ.: Т. Живковиђ, Јужни Словени под византијском влашђу (600–1025), Београд, 2002. К. Аџ.