СМИЛЕВСКИ-БАТО, Видое

СМИЛЕВСКИ-БАТО, Видое (с. Никифорово, Гостиварско, 14. Ⅷ 1915 – Скопје, 8. Ⅸ 1979) – комунистички деец, првоборец, народен херој, политичар и државник. Завршил трговска академија во Белград, каде што се вклучил во комунистичкото движење (1935). Бил чиновник во Државната хипотекарна банка. Во неговиот дом работела партиска техника (1939). Како член на КПЈ (од 17. Ⅳ 1940), поради полициски прогон, се илегализирал (февруа-Видое Смилевски-Бато ри 1941). По Априлската војна бил секретар на ќелија, на реонски комитет, член на МК и на Окружниот комитет на КПЈ во Бел-град. Подоцна бил испратен за секретар на окружните комитети на КПЈ во Лесковац (од јануари 1943), Врање (од јануари 1944) и Пирот и бил инструктор на ПК на КПЈ за Србија (од април 1944). Потоа бил упатен на партиска работа во Македонија како секретар на Четвртиот областен комитет на КПМ (од јули 1944). Бил учесник на Првото заседание на АСНОМ, избран за член на ЦК на КПМ и секретар на Обласниот комитет на КПМ во Скопје (кон крајот на октомври 1944). По Ослободувањето бил организационен секретар на ЦК на КПМ, претседател на Президиумот на Народното собрание на НРМ, член на Сојузниот извршен совет, член на Претседателството на ЦК на СКЈ, републички и сојузен народен пратеник, член на Сојузниот одбор на ССРНЈ, потпретседател на Извршниот совет на НРМ и член на Сојузниот извршен совет, потпретседател на Централниот одбор на СЗБ на НОВЈ, претседател на Главниот одбор на Сојузот на борците од НОВМ и претседател на Претседателството на СРМ. Автор е на голем број прилози за актуелните политички и стопански проблеми во дневниот и периодичниот печат. Носител е на Партизанска споменица 1941 и Орден Народен херој на Југославија (7. Ⅶ 1953). БИБ.: Организационен извештај на ЦК КПМ, Реферат одржан на И конгрес на КПМ, Скопје, 1949; Одлуките на АСНОМ се израз на извојуваните придобивки во Народноослободителната борба, „Правна мисла“, ⅩⅤⅠⅠⅠ, 4, Скопје, 1964, 1–19; Државноста на македонскиот народ е плод на тешки и долготрајни борби, АСНОМ. Зборник, Скопје, 1966, 21–23; Непресушни извори на Револуцијата, Скопје, 1981 (со комплетна библиографија на авторот и за него); Националната реалност – длабока реалност (Дел од говорот по повод годишнината од формирањето на Ⅳ албанска ударна бригада на НОВ И ПОМ, Дебар, 8. Ⅸ 1974), „Комунист“, ЏЛИИ, 1435, Скопје, 14. Ⅸ 1984, 23. ЛИТ.: Видое Подгорец, Смилевски Урош Видое-Бато (1915), Народни херои од Македонија, Скопје, 1973, 330–335. С. Мл. Томо Смилјаниќ-Брадина СМИЛЈАНИЌ-БРАДИНА, То-мо (с. Тресонче, Дебарско, 13. Ⅵ 1888 – Белград, 10. Ⅴ 1969) – етнограф, филолог, поет, прозаист, драмски автор и публицист. Основното бугарско и српско училиште го завршува во родното село и во Битола, а Српската гимназија во Солун (1906). Учителствува во селата Тресонче, Долно Мелничани и Галичник (19061911). Се запишува на Филозофскиот факултет во Белград, но веднаш ги прекинува студиите и, во подготовките за војната со Турција, се враќа во Македонија како српски четник (1911–1912). Учествува во сите српски војни и од Крф е испратен во Франција, каде што ги завршува студиите по географија и историја во Клермон Феран (1917–1919). По враќањето предава во гимназиите во Тетово (1920/21) и Скопје (1921– 1927), а потоа во Трговската академија во Скопје (1927–1931). Во Франција ја одбранува докторската дисертација „Нашите стари племиња Мијаците и Брсјаците во Јужна Србија“ (1930). Потоа е народен пратеник за Галичко-дебарската околија (1931–1934), па инспектор (1935–1939) и началник на Просветното одделение на Вардарска бановина. Патува по Европа (1940–1941), а потоа пак се вклучува во војната против Германците кај Призрен, но се повлекува во Србија и работи во Учителската школа во Алексинац, а по 1946 г. како пензионер живее во Белград. Истражувачката и литературната дејност ја започнува уште како српски учител. Соработува во разни весници и списанија, но и во угледни научни зборници на скопскиот Филозофски факултет и на САН во Белград. Врши историско-етнографски истражувања на Мијачијата и на животот и дејноста на поистакнатите Мијаци (П. Зографски, Ѓ. Пулевски и др.), а ги проследува и делата на П. Драганов, К. Мисирков и Д. Чуповски. Со изданија на своите текстови во Скопје ја започнува серијата „Библиотека Маќедонија“ (1924– 1928), а ја продолжува под името „Старовремска библиотека“ (1929), во која ја објавува стихозбирката „Песмарица“ што содржи и 7 песни на македонски јазик, насловени како „Старовремски мотиви“. Во ракопис се останати: романот „Горјани“, расказите за деца „Смиље и босиље“, мемоарите „Моје успомене до 1912“ и др. БИБ.: На планини и друге приповетке из Македоније, Скопље, 1924; Стојна и друге приповетке из Македоније, Скопље, 1924; Седи краљ, Скопље, 1925; Канонска визитација Река, Скопље, 1925; Маÿедонски печалбари. Драма у пет чинова с певањем, Прилеп, 1927); Песмарица, Скопље, 1929; Краљ слободар – Краљ миротворац, Скопље, 1936; Идеалисти (првиот чин од драмата), „Јужни преглед“, Скопље, 1937. ЛИТ.: Д-р Блаже Ристовски, Македонското поетско дело на Томо Смилјаниќ-Брадина (1888–1969), „Современост“, ЏЏИВ, 4, 1974, 307–327; истиот, Македонскиот стих 1900–1944. Истражувања и материјали, И, Скопје, 1980, 133–164; Д-р Јованка Стојановска, Книжевното и научно дело на Томо Смиљаниќ-Брадина, Скопје, 1994. Бл. Р. Христо Смирненски