СМАТРАКАЛЕВ, Михаил

СМАТРАКАЛЕВ, Михаил (Серез, Егејскиот дел на Македонија, 15. ⅩⅠⅠ 1910 – Софија, 16. Ⅳ 1998) – поет, раскажувач, новинар, публицист, револуционер. Завршил право на Софискиот универзитет. Еден од најпројавените активисти на напредната македонска емиграција во Бугарија меѓу двете светски војни. На двапати ВМРО (на В. Михајлов) го осудила на смрт. Бил член на ВМРО (Обединета), на друштвото „Нација и култура“ и на МОНСС (Македонски општонароден сту-Михаил Сматракалев дентски сојуз). Еден од уредниците на „Македонски студентски лист“, на „Македонска студент-ска трибуна“, на „Македонско знаме“, на „Македонски вести“ и на „Литературен критик“. Член на раководното јадро на Македонскиот литературен кружок (1938–1941), претседател на Македонскиот литературен кружок „Никола Вапцаров“ (1945–1948) и на Литературниот кружок на студентите од Пиринска Македонија (1950–1951). Пишувал на бугарски јазик. Стихозбирката „Бура над родината“ (1935) македонската книжевна критика ја одредува како книга што на „голема врата во литературата ја внесува македонската тематика“. Посебноста на македонската нација и борбата на македонскиот народ за национални и социјални права и слободи е тема во неговиот шестдецениски новинарски и публицистички ангажман. БИБ: Бура над родината, Соф.,1935; Избрани стихови, Ск., 1991; Македонскиот литературен кружок, Ск., 1993; Модрите широчини на татковината, Ск., 1994; На македонски теми, Ск., 1999. ЛИТ.: Гане Тодоровски, Звучниот здив на татковината, Ск, 1992; Блаже Ристовски, Прилог кон македонската литературна историја, „Современост“. ⅩⅣ, 5, Скопје, мај 1964, 512–514; истиот: Македонски летопис, кн. 2, Ск., 1993; Васил Тоциновски, Жаров бунтар и буревесник, Ск., 1994. В. Тоц. Бошко Смаќоски