СЛЕПЧЕНСКИ АПОСТОЛ

СЛЕПЧЕНСКИ АПОСТОЛ – полн изборен апостол од ⅩⅠⅠ в., пергамент, македонска редакција, 154 листови. Уставно кирилско писмо, пишувано со мастило и киновар. Иницијалите се од зооморфен тип. Некои од листовите се палимпсест, словенскиот текст е пишуван врз грчки. Текстот на Слепченскиот ап. го пишувале двајца пишувачи, едниот пишувал ситно и право, другиот крупно и косо. Потекнува од Охридската книжевна школа и првобитно му припаѓал на манастирот Слепче (Демирхисарско). Денеска неговиот најголем дел се чува во Руската национална библиотека во Санкт-Петербург, сигн. Ф.н. И. 101 (130 л.), и во Пловдивскиот музеј, а негови помали делови од 1 до 6 листа во Москва и во Киев. Факсимил од Слепченскиот апостол (ЏИИВ.) ЛИТ.: Г. А. ИлÏинскиŸ, СлепченскиŸ апостол ⅩⅠⅠ века, Москва, 1912. К. Биц. Куќа модел на олтар, Слатина, с. Зелениково