СЛАНИЦА

СЛАНИЦА – средновековна населба, утврдување, епархиско седиште во рамките на Охридската архиепископија, картуларат, како дел од провинцијата Бер (Верија). Се лоцира на ок. 50 км северозападно од Солун, на јужните падини на пл. Пајак, кај Пазар (Ениџе Вардар, Ѓаница). ЛИТ.: Т. Томоски, Белешки за неколку малку познати места во средновековна Македонија. Македонија низ вековите, Скопје, 1999. К. Аџ.