СЛАВЕНСКИ, Јосип

СЛАВЕНСКИ, Јосип (Чаковец, Хрватска, 11. Ⅴ 1896 – Белград, 30. Ⅺ 1955) – композитор. Во своите дела дава симбиоза на музички елементи, втемелени во традиционалните вредности на балканската музика, со еден современ музички говор, заснован врз смели и, за она време, револуционерни изразни средства. Во неговиот опус се издвојуваат „Четири балкански игри“, за оркестар (1938), дело со посебно значење за македонската музика. Пишувано врз тематика од српскиот и македонскиот фолклор, композицијата завршува со симболот на македонскиот музички фолклор – народната игра „Тешкото“, која низ постепена градација се извишува до една величествена танцувачка екстаза. Б. Орт. СЛАВЕСКА, Љубица Борисова