СКУТАЧА

СКУТАЧА (БОВЧА)– предна престилка врзана за појасот. Во Кумановско се среќаваат неколку видови: скутача единарка (еденица, еденична), скутача шамијарка или црвена шамијарка, алова скутача, битовија скутача и скутача дугарка. Во невестинската скутача, позната како скутача единичарка или еденица доминира црвената боја, во комбинација со црната, со акценти на жолта и бела боја. Застапени се мотивите кола – колца. Биле изработувани сè до почетокот на минатиот век. Зачувано е верувањето дека девојката-кандидатка за мажење, требало како дел од своето невестинско руво последна да ја исткае невестинската скутача „единарка“, која за првпат се облекува на денот на венчавањето. Ј. Р.-П.