СКУПСКА СЕВЕРОЗАПАДНА НЕКРОПОЛА

СКУПСКА СЕВЕРОЗАПАДНА НЕКРОПОЛА (с. Злокуќани, Скопје) – повеќеслојно наоѓалиште со неколку културни хоризонти од бронзеното време до доцната антика: некропола со биритуално погребување од доцната бронза до раното железно време; раноримска некропола со биритуално погребување (Ⅱ–Ⅲ в.); архитектонски структури и слоеви од раноримскиот период (И–Ⅱ в.); антички пат (Ⅱ–Ⅴ в.); отпадна депонија од занаетчискиот центар, покрај западниот бедем (Ⅲ и првата половина на Ⅳ в.); доцноримска некропола со скелетно погребување (Ⅳ – почеток на Ⅴ в.) и архитектонски структури и слоеви од доцноантичкиот период (В–Ⅵ в.). Се истражува од 1990 г., на простор (40 × 18 м) што се наоѓа на околу 120 м од северозападниот бедем. Исклучително значајна е раноримската некропола. Истражен е мал сегмент од архитектонски планираната градска некропола, чиишто димензии и граници не се утврдени. Организирана е пред северозападниот бедем, како алеја покрај античкиот пат што водел во Скупи (од запад) и се поврзувал со децуманус маџимус. Откриени се седум интактно зачувани надгробни споменици, од кои пет стели и два од типот на т. н. монументи со фунерарни ари. Поставени се во четири реда, дијагонално еден на друг, фронтално свртени кон патот. Погребувањето е биритуално, со гробови поставени во паралелни редови, со приближно иста ориентација сз–ји, идентична со надгробните споменици и со урбанистичката шема на градот. Независно од видот и од применетиот ритуал на погребувањето, присутна е иста религиозност во сфаќањето на задгробниот живот, како и автохтони елементи кај погребувањето, италски влијанија во тектониката и ориентални влијанија кај имињата. ЛИТ.: Л. Јованова, Цолониа Флавиа Сцупинорум Њестерн нецрополис граве формс анд ритуалс, Хистриа Антиљуа, вол. 8, Пула 2002, 193 – 207; истата, Цолониа Флавиа Сцупинорум „Топограпхѕ, диспоситион анд струцтуре оф тхе цитѕ анд итс нецрополисес фром тхе 1ст то тхе 3рд центурѕ АД“, Хомаге то Милутин Гарасанин, Београд, 2006, 617–638. Л. Ј. Скутача од Кумановско