СКУПИ

СКУПИ (СЦУПИ – Цолониа Флавиа Сцупинорум) – римски град лоциран на 5 км северозападно од Скопје кај с. Злокуќани, на југозападната падина од Зајчев Рид, лево од утоката на Лепенец во Вардар. Точната локација ја одредил А. Еванс во 1883 г. Археолошките наоди укажуваат на континуирано живеење во бронзеното и железното време до Ⅵ век пр. н. е. Почетоците на римскиот град се поврзани со пробивот Локалитетот Скупи на римските легии кон крајот на И век п.н.е. и формирањето на провинцијата Мезија во 15 г. н.е. Во времето на Флавиевците, веројатно при владеењето на Домицијан 84/5 г. добива ранг на самоуправна дедуктивна колонија (Цолониа Флавиа Сцупинорум) со населување на ветерани, главно од легијата Ⅶ Цлаудиа. Првобитната населба се трансформира во комплексен урбан римски град со сите цивилни и верски објекти који одговарале на новите услови и прилики. Се развива како важен административен, стопански, културен и транзитен центар на провинцијата Горна Мезија. Градот го споменува Птоломеј (Геог. Ⅲ, 9, 4) во Ⅱ век. Во времето на Марк Аврелиј, во 170 г. поминува дакиското племе Костобоки при продорот кон Егеја. Во 268/69 е опустошен од силни готски и херулски одреди. Во Скупи престојувале или поминале царевите Хадријан (124/5 г.), Септимиј Север со синот Каракала (202 г.) и Филип Арабјанинот (244 г.). Кон крајот на Ⅲ век станува метропола на новооснованата провинцијата Дарданија, а во Ⅳ век повторно доживува голем економски и урбанистички подем. На Табула Пеунтенгериана (Ⅳ в.), е претставен со вињета на главен провинциски град. Царот Теодосиј И при престоите во Скупи во 379 и 388 г. издал два царски указа. Во Синегдемот на Хиерокле (Ⅵ в.), е означен како главен град на провинцијата Дарданија. Во Ⅳ век станува епископија (митрополија). Познати се епископите Парегориј кој учествувал на саборот во Сердика (343 г.), Урсилиј (458 г.) и Јо-ван (494 г.). Во 518 г. настрадал во катастрофален земјотрес забележан во Хрониката на Марцелин Комес. По обновата во Ⅵ век, урбаното живеење замира кон крајот на векот, во времето на Маврикиј Тибериј (колективен наод на монети кој завршува во 582/3 г.). Како помала рурална населба опстојува до Џ–Ⅺ век. Од стратиграфијата и урбанизмот по основањето на колонијата до крајот на Ⅲ в., откриени се делови од обѕидието, контурите на театарот, неколку улици и ѕидови од неколку недефинирани објекти. Обѕидието има форма на неправилен четириаголник (738 х 590 м) со површина од 43 ха. Градот е планиран според ортогонален систем. Улиците се паралелни со ѕидовите на обѕидието (сз/ји-јз/си) и се сечат под прав агол. Од град-бите истражуван е само театарот, во северниот дел на градот. Импозантен објект од кој се откриени главните контури (скената, делови од театарската зграда и гледалиштето) со луксузна мермерна архитектонска декорација. Подигнат е во времето на Хадријан (Ⅱ в.). Низ целиот историски развој градот ќе ја задржи основната урбанистичка шема со иста поставеност на градежните комплекси и градби, но димензиите и содржината на градските квартови се менувале во различните временски периоди. Кога се зборува за урбанистичкиот изглед на Скупи, тоа првенствено се однесува на изгледот на градот во доцно античкиот период (Ⅲ–Ⅵ в.). Целосно или делумно се истражени неколку градежни комплекси и градби: хореум (јавен објект со профана функција-складиште, крај на Ⅲ в.), градска вила-домус (приватен станбен објект со луксузно украсени ѕидови со фреско декорација и сопствено подно греење, крај на Ⅲ–Ⅳ век), цивилна базилика (репрезентативен монументален јавен објект со луксузна архитектонска декорација и мозаичен под, Ⅳ век), градска бања (Ⅳ–Ⅴ век), рано христијанска базилика (крај на Ⅴ- почеток на Ⅵ век), микростамбен комплекс (приватни стамбени град-би, Ⅵ век), неколку градби со недефинирана функција и дел од уличната мрежа (цардо маџимус, крстосниците со два декумана, уште еден кардо и декуман, Ⅳ–Ⅵ век). Надвор од обѕидието на сите четири страни се наоѓале некрополите и други придружни градби. Истражени се околу 1000 гробови (И–Ⅳ век) од југоисточната и северо-западната некропола, откриени делови од античкиот мост на Вардар, приватна вила и христијанска базилика во с. Бардовци. ЛИТ: Б. Драгојевиќ Јосифовска, Инсцриптионс де ла Мéсие Супéриеуре (ИМС), вол. Ⅵ, Сцупи ет ла рéгион де Куманово, Београд, 1982; И. Микулчиќ, Скопје со околните тврдини, Скопје, 1982; Д. Корачевиќ, СКУПИ, Градска територија, Скопје, 2002. Л. Ј. Северозападната некропола во Скупи