СКОРПИИ, ЛАЖНИ

СКОРПИИ, ЛАЖНИ (Псеудосцорпионес) – ситни организми што личат на скорпии, но се без отровен апарат. Ги има околу 1.500 видови. Поседуваат ситни клешти со кои ја прифаќаат храната. Најчесто ги насеКнижна лажна скорпија луваат мововите, растителните отпадоци во шумите, под камења, а често се среќаваат и во човечки домови (под стари книги, слики и сл.). Се хранат со ситни инсекти. Во Македонија овој ред е претставен со 37 таксони (36 видови и 1 подвид) со висок степен на ендемизам, 27 ендемити. Чест вид кај нас е книжната лажна скорпија (Цхелифер цанцроидес Л.), која се среќава во библиотечни шкафови, хербариуми и инсектариуми. Не е штетник. Се храни со ситни инсекти и крлежи. ЛИТ.: БожидарП.М.Чурчиќ,Арацхноидеа-Псеудосцорпионес. Цаталогус Фаунае Југославиае, Лјублјана, 1974, Ⅲ/4: 1-34; БожидарЧурчиќ,П. М.,РајкоН.Димитријевиќ,СлободанЕ.Марков,ЛукарР.Лучиќ,ОзренС.Карамата,Нењ анд литтле-кноњн фалсе сцорпионс фром тхе Балкан Пенинсула, принциплаллѕ фром цавес, белонг то тхе фамилиес Цхтхониидае анд Необисиидае (Псеудосцорпионес, Арацхнида). Монограпхс, Институте оф зоологѕ, Белграде, 1997, Ⅱ(2): 1-159; Група автори, Цоунтрѕ Стадѕ фор биодиверситѕ оф тхе Републиц оф Мацедониа (фирст натионал репорт), Министрѕ оф енвиронмент анд пхѕсицал планнинг, Скопје, 2003, пп.1-217. В. Т. К. – М. Кр.