СКОПСКО ЛЕТО

СКОПСКО ЛЕТО – културна манифестација. Се одржува секое лето во Скопје (од 21. Ⅵ до 2. Ⅷ), на бројни локации во градот. Опфаќа повеќе области: класична музика, џез и соул, фолклор, балет, театар, филм, архитектура, ликовни изложби, фотографија. Основана во 1980 г. од Културно-просветната заедница на град Скопје, која е трансформирана (1997) во Дирекција за уметност и култура. Манифестацијата е особено отворена кон современите текови во уметноста, како и кон младите изведувачи од Република Македонијаи од регионот. Во сите области настапувале уметници од четириесетина земји од сите континенти. Сн. Ч.-Ан.