СКИЈАЊЕТО ВО МАКЕДОНИЈА

СКИЈАЊЕТО ВО МАКЕДОНИЈА. Се јавува организирано со основањето на скијачките секции во Скопје, Тетово, Крушево, Гостивар, Битола, Маврово и други места (од 1927). Во 1935 нив ги мето на Втората светска војна. Главниот придонес во македон-Скијачкиот центар Попова шапка имало и во 4 соколски друштва. Изградени се 9 планинарско-скијачки домови (1930–1940). Курсеви за учители по скијање завршиле Гого Попов, Франц Петрин и Александар Баубин, за инструктори 16 лица, меѓу кои Коста Каламарас, Борис Алтипармак, Цоне Аврамовски, Микле Најденовски и други (1938), а за скијање 14 (1940). Во овој период натпреварите во трчање, спуст и слалом имале пред с“ локален карактер. По Ослободувањето се пристапило кон основање скијачки организации во Скопје, Тетово, Битола, Крушево, Прилеп и во други градови. Била вршена обнова на домовите и нивното проширување (1945–1948), изградба на нови објекти и на скијачкиот центар во Маврово „Заре Лазаревски“. Бил основан Скијачки сојуз на Македонија на чело со Михајло Апостоски (1949) – сега Федерација (од 2002). Републички првенства се организираат секоја година (од 1946) – шарпланински куп (од 1947), Мавровски меморијал (од 1960), а биле одржани и југословенски, балкански и други првенства и натпревари. ЛИТ.: Мирчо Савоски, Развојот на скијањето во Вардарска Македонија од 1919–1957, Скопје, 2002. Д. С.