СИСТЕМИ ЗА ОДВОДНУВАЊЕ во Република Македонија– покриваат 82.195 ха. Потребата за нивна изградба била согледана одамна на повеќе подрачја во Македонија. Првите работи започнале во Скопско Поле, во 1929 г., а интензивно продолжиле во 1959 (6.600 ха) г. Во истиот период се интензивирани работите на одводнување на Пелагонија (54.150 ха) и на Струмичко Поле (9.000 ха). Покрај овие, се изградени и системите во Струшко Поле (2.680 ха), Овче Поле (1.700 ха), Преспанско Поле (1.800 ха) и во ХМС Брегалница (6.000 ха). Актуелната состојба на системите за одводнување налага интензивни активности за одржување, реконструкција и рехабилитација, како и доградба на деталната мрежа за одводнување. Ст. Дод.