СИРОПАЈОНЦИ

СИРОПАЈОНЦИ (Сиропаионес) – пајонско племе што ја населувало територијата на левиот брег на долниот тек на р. Стримон. Ги спомнува Херодот во делото Историја (Ⅴ в. пр.н.е.). По персиското покорување на Пајонија, по наредба на персискиот крал Дареј И, тие биле преселени во Азија (511 пр.н.е.). Оние што останале веројатно се приклучиле кон пошироката пајонска заедница, бидејќи подоцна не се спомнуваат одделно. ИЗВ.: Херодоти, Хисториа, рец. Ц. Худе, ед. тертиа, Оџонии, 1927. ЛИТ.: Е. Петрова, Пајонија, Скопје, 1999. К. М.-Р.