СИРОМАШТИЈА

СИРОМАШТИЈА. Според статистичката служба на Европската унија „Еуростат“, како сиромашни се сметаат лица, домаќинства и групи лица, чии ресурси (материјални, културни и социјални) се на такво ниво што ги исклучува од има концептот на доходовна (монетарна) сиромаштија. Според овој концепт, поединецот или до-маќинството се смета за сиромашно ако остварениот приход или потрошувачка е под определен праг (линија) на сиромаштија. Нивото на сиромаштијата се пресметува врз основа на утврден апсолутен, релативен и/или субјективен праг на сиромаштијата. Најчесто користени доходовни (монетарни) мерила на сиромаштијата се: главниот збирен индекс, индексот на длабочина на сиромаштијата и индексот на острина на сиромаштијата. Главниот збирен индекс, или „стапката на сиромаштијата“, го покажува процентот од вкупното население, чиј приход или потрошувачка пер цапита е под прагот (линијата) на сиромаштијата. Индексот на длабочината на сиромаштијата претставува просечен дефицит на приходот на целата популација (не само на сиромашните лица), односно агрегиран дефицит на приходот на сиромашните лица во однос на прагот на сиромаштијата, поделен со вкупното население. Индексот на острината на сиромаштијата е блиско и поврзано мерило со индексот на длабочина на сиромаштијата, со таа разлика што при агрегацијата им придава поголема тежина на лицата што се подалеку од прагот на сиромаштијата (најсиромашните) во однос на лицата што се поблиску до него (помалку сиромашните). Стапката на сиромаштијата во Република Македонијаизнесува околу 30% и во однос на преттранзициониот период е речиси двојно зголемена. Податоците за висината на главниот збирен индекс и индексот на длабочината на сиромаштијата, при утврден релативен праг на сиромаштијата на ниво од 70% од медијалната еквивалентна потрошувачка на домаќинствата, за периодот 1997–2004, се дадени во следнава табела: Сиромаштијата во РМ, релативен метод (1997-2004) 1997 1998 1999 2000 2001 2002 2003 2004 не се преселни. Во Македонија се присутни 10 видови. ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус, „БирдЛифе Интернатионал Цонсерватион Сериес“, 12, Цамбридге, Сипка 2004; Ц. Харрисон, Ан Атлас оф тхе Бирдс оф тхе Њестерн Палаеарцтиц, Гласгоњ, 1982. Св. П. – В. Сид.