СИРНА НЕДЕЛ

СИРНА НЕДЕЛ – именување на седмицата пред Прочка, од Месопусната недела до Проштени (Велики) поклади. Тогаш се запостува за Прочка, не се јаде ме-со, туку само млечни производи. Поради тоа, оваа недела се вика и Бела недела. Во понеделникот од оваа недела (Сирни понеделник) се оди на гумното, со топеница и кисело млеко, се трча од едниот до другиот крај на гумното и се вика: Ела ветре да јајме топејнца, / в лето да дојш да вејме пчејнца, / југу, југу, југу… Се верува дека со тоа ќе се обезбеди ветер во летото кога се врши и се вее житото. ЛИТ.: Наум Целаковски, Дебарца, обреди и обредни игри, Скопје, 1984 М. Кит.