СИНАЈСКИ ПАЛИМПСЕСТ

СИНАЈСКИ ПАЛИМПСЕСТ – македонски ракопис од крајот на ⅩⅠⅠ – поч. на ⅩⅤⅠⅠⅠ в. Најден е на Синај, од каде што го носи името, а се чува во Руската национална библ. во С. Петербург, сигн. Греч. 70, поради тоа што делови од кодексот се испишани врз избришан грчки текст од Ⅺ в., т. е. станува збор за палимпсест. Кодексот се состои од три дела. Првиот (Требник) и третиот дел (Апокрифи) имаат јазични белези на Охридската книжевна школа. В. Д.