СИНАЈСКИ МАЛ МИНЕЈ

СИНАЈСКИ МАЛ МИНЕЈ – в. Фрагменти на глаголички старословенски текстови. СИНАЈСКИ МИСАЛ 5/Н – глаголички ракопис од Ⅺ в. (Тарнанидис) или Ⅹ в. (Велчева), кој содржи 80 лошо зачувани листови. Откриен во 1975 г. во ман. „Св. Катарина“ на Синај, каде што се чува под сигн. Слав. МС 5/Н. Текстот се поврзува со великоморавскиот период (кирилометодиевски превод на литургијата на св. Петар), а преписот со Охрид и со дејноста на св. Климент. Засега ракописот е познат само по податоците и снимката во описот на Тарнанидис. ЛИТ.: И. Тарнанидис, Тхе Славониц Манусцриптс дисцоверед ин 1975 ат Ст Цатхерине’с Монастерѕ он Моунт Синаи, Тхессалоники, 1988, 103–108 (опис), 194–195 (снимка); И. Тарнанидис, Литургията на Свети ПетÍр по сио наŸския рÍкопис Н 5 Н. Средновековна християнска Европа: Изток и Запад. Ценности, традиции, обÈуване, Медиевал Цхристиан Еуропе: Еаст анд Њест. Традитион, валуес, цоммуницатионс, София, 2002, 213–219: За датирањето в. Б. Велчева, „Палаеобулгарица“ 12, 3, 1988, с. 126. Зд. Р.