СИНАЈСКИ ЕУХОЛОГИУМ

СИНАЈСКИ ЕУХОЛОГИУМ – глаголички стсл. ракопис од Ⅺ в. со мак. јазични особености. Поголемиот дел од кодексот се чува во манастирот „Св. Катерина“ на Синај и заедно со новооткриените 28 л. со сигн. Син. Слав. МС 37 таму има „СИНТЕЗИС“ С 134 листови. Во РНБ – поранешната Публична библ. (ГПБ) во Санкт-Петербург се чуваат последните 3 л. што се донесени од Синај во 1853 год. од архимандритот Порфириј и Н. Крилов. Еден дел се чува во Ракописниот оддел на РАН во Санкт Петербург, сигн. 24. 4. 8. Кодексот има вкупно 137 пергаментни листови. Синајскиот еух. е најстариот словенски требник. По своите многу архаични особености (не сосема обла глаголица, како и по архаичните јазични особености) некои делови од кодексот секако потекнуваат од кирилометодиевскиот период. В. Д.