СИМОНОВСКИ, Методија Мирков (Прилеп, 14. Ⅲ 1927) – етномузиколог и поет за деца. Како виш стручен соработник на Институтот за фолклор во Скопје (1. ⅩⅠⅠ 1950 – 31. ⅩⅠⅠ 1965), мелографирал голем број македонски народни песни и објавил неколку статии за македонскиот музички фолклор – за ориентализмите во тоналната градба (1959), за рефрените (1960), за терминологијата (1961) и за народните верувања (1962). БИБ.: Македонски музички фолклор, песни Ⅱ, Скопје, 1959 (со коредактори); Македонските мелографи од крајот на ⅩⅠⅩ век, Скопје, 1962 (со коредактор). ЛИТ.: 50 години Институт за фолклор. Библиографија на изданијата на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје и на магистерските и докторските дисертации на соработниците 1950–2000. Подготвила Мирјана Анастасова, Скопје, 2000, 143. С. Мл. Методија Симоновски