СЕФАРДИ

СЕФАРДИ – Евреите од Шпанија, кои по прогонот од инквизицијата (1492) масовно се раселиле низ Европа, главно на териториите под османлиска власт, вклучително и во Македонија. Се интегрирале во системот (општествено и економски) и во градовите во Македонија (Солун, Скопје, Битола, Штип, Кратово, Струмица, Охрид и др.) формирале добро организирани еврејски општини. ЛИТ.: Марк Цохен, Ласт Центурѕ оф а Сепхардиц Цоммунитѕ. Тхе Јењс оф Монастир 1839–1943, Нењ Ѕорк, 2003. Ј.Нам.